Хамас тврди дека за време на војната во Газа биле убиени 33 заложници

Од:

Хамас денеска објави дека за речиси 14 месеци колку што трае војната со Израел во Газа, убиени се 33 заложници, без да се прецизира нивната националност.

„Со продолжувањето на вашата луда војна, можете засекогаш да ги изгубите заложниците. Направете го она што треба да го направите пред да биде предоцна“, се вели во соопштението на Хамас упатено до Израел.

Набргу по објавувањето, Хамас објави видео со детали кога и како наводно биле убиени заложниците, обвинувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нивната судбина, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени

Хезболах нападна израелска база во јужен Либан