Мајка на единствената Британка која ја држи Хамас: Трамп ми дава надеж

Од:

Мајкатана единствениот британско-израелски заложник што го држеше Хамас, ги опиша за Би-Би-Си нејзините растечки стравови за животот на нејзината ќерка по повеќе од 400 дена во заробеништво. Емили Дамари (28) беше киднапирана од Хамас од нејзиниот дом во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Се плашам дека е мртва“, рече нејзината мајка Менди во своето прво телевизиско интервју за Би-Би-Си.

„Ако не е мртва, тогаш не добива доволно храна, не може да се измие, да пие вода, може да биде болна… Се грижам секој ден, се грижам секоја секунда бидејќи во следната секунда може да биде убиена, само затоа што е таму“, вели Менди Дамари.

Менди Дамари ја повика британската влада да стори повеќе за да обезбеди доставување на хуманитарни материјали до заложниците додека траат преговорите за нивно ослободување. Таа, исто така, ја поздрави изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе создаде „пекол“ доколку заложниците не бидат ослободени пред да ја преземе функцијата во јануари, велејќи: „Тоа ме направи малку пооптимист“.

Вооружени лица на Хамас ја раниле Емили и го убиле нејзиното куче кога го нападнале Израел пред речиси 14 месеци. Според Би-Би-Си, Менди се криела кога Хамас ѝ го нападнал домот.

Тој ден беа убиени околу 1.200 луѓе, додека Емили и уште 250 други беа однесени во Газа како заложници.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Бајден: Американците ќе бидат дел од првата фаза од ослободувањето на заложниците