Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени

Од:

Најмалку 25 Палестинци загинаа денеска во израелски напади во Појасот Газа, јавува Ројтерс.

Најмалку 15 лица загинаа во ноќните напади на израелските сили во градот Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа во куќа, соопштија палестинските лекари.

Десет други Палестинци беа убиени во серија израелски напади низ енклавата, објави Ројтерс, повикувајќи се на палестински медицински лица.

Палестинската државна служба за вонредни ситуации соопшти дека три болници во областа, кои едвај се во функција, не биле во можност да го санираат големиот број ранети по нападот, додека спасувачите не можеле да стигнат до многумина кои се водат за исчезнати.

Жителите рекоа дека голем број куќи биле бомбардирани, а некои биле запалени за време на нападот во Џабалија, Беит Лахиа и Беит Ханун, три града на северниот раб на Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа

Тројца загинати во израелски воздушен напад врз Џенин