Студени и граѓани ги блокираа универзитетите во Белград и Нови Сад во знак на протест поради нападот на нивните колеги за време на почитта на жртвите од несреќата на станицата во Нови Сад кога на 1 ноември 15 претежно млади загинал при уривање на настрешницата.
За време на минатонеделната почит на жртвите на станицата во Нови Сад во Белград, група студенти од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) беа нападнати, а студентите и активистите препознаа неколку локални функционери на Српската напредна странка како провокатори меѓу напаѓачите.
Опозицијата и активистите ги обвинуваат властите и владејачката партија дека испраќаат свои членови, функционери и провокатори на мирни протести за да остават впечаток во јавноста дека овие протести се насилни.