ВРЕДИ: Лани ДУИ ја разреши, денеска плаче за Весна Дамева

Од:

ДУИ, овој партиски клан што уништи сè, сега од опозицијата почна да продава политички морал и да зборува за притисоци. Но, ова не им успева бидејќи граѓаните многу добро знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист, вклучувајќи ги и судовите, велат од коалицијата ВРЕДИ.

Јавноста е добро запознаена дека обвинителот за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е близок до ДУИ. Тоа беше потврдено со објавени фотографии со братот на лидерот Ахмети, како и со високи функционери на оваа партија. Многу поранешни функционери на ДУИ најдоа „утеха“ во судскиот систем, каде што продолжуваат да делат „непристрасна правда“. Пример за ова е Иџет Мемети, кој беше фатен на дело и во исто време му направи ветинг на ДУИ.

Тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе. ДУИ е синоним за кршење на законите и влијание врз судскиот систем во континуитет. И за ова мора и ќе има одговорност.

Уште еднаш се потсетуваме на ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, кога на средбата на Водно со поранешниот претседател Пендаровски побара враќање на својот шеф на бел коњ, Никола Груевски. И токму на оваа средба Ахмети имаше предложено два начина за негово враќање од Будимпешта, поточно преку “своите“ во судовите во земјата. Потсетуваме и дека за овој случај партијата на Ахмети изврши притисок и врз претседателот на Врховниот Суд, Беса Адеми. А за овие притисоци на оние кои продаваат лажен морал добија и опомени од странски амбасади за континуираниот притисок врз Беса Адеми.

Истата Весна Дамева која денеска поднесе оставка и ДУИ леат крокодилски солзи за притисок врз неа, Селим Адеми – член на ДУИ, кој во тоа време во својство на потпретседател ја надгласа и ја разреши од функцијата, реагираат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Претстојните локални избори не се само натпревар за управување со општините, туку се политички референдум

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект