Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово пристигна во Киев првпат по две и пол години на разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини.
Scholz in der #Ukraine eingetroffen. pic.twitter.com/34D8htKFiu
— Markus Preiß (@markuspreiss) December 2, 2024
По неговото пристигнување, германскиот лидер најави дополнителни испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра до крајот на декември за одбрана на Украина од Русија. „Би сакал јасно да кажам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“, рече Шолц, кој во главниот град на Украина пристигна со специјален воз.
Последната посета на Шолц на земјата беше во јуни 2020 година.