Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Од:

Неидентификуван дрон денеска прелета над руската амбасада во Стокхолм, фрлајќи боја на дворот на дипломатскиот комплекс, соопшти шведската полиција.

Засега никој не е уапсен, а сторителите не се идентификувани, додаде портпаролот на полицијата, пренесе Ројтерс.

– Инсистираме темелно и непристрасно да се истражат сите инциденти против руската амбасада и сторителите да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата – се наведува во соопштението на руската амбасада во Шведска.

Би можело да ве интересира

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина