Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон треба да објават прекин на огнот меѓу Либан и либанската милитантна група Хезболах во рок од 36 часа според постоечките планови, изјавија денеска четворица неименувани високи либански претставници за Ројтерс.
Арапскиот весник „Ашарк ал-Авсат“ објави дека Бајден и Макрон ќе прогласат 60-дневен прекин на огнот во вторник, пренесе Ројтерс.
Белата куќа претходно денеска објави дека преговорите на американската влада за либанско-израелското примирје се позитивни и дека е постигнат напредок кон договор.
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека договорот за прекин на огнот е близок и дека разговорите биле конструктивни.
Состанокот на израелскиот безбедносен кабинет за прекинот на огнот во Либан ќе се одржи утре во седиштето на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.
Состанокот ќе започне во 17:30 часот по локално време и ќе трае најмалку до 21 часот, изјавија од кабинетот за „Тајмс оф Израел“.