Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Од:

Адмирал на НАТО денеска ги повика деловните луѓе да подготват „воено сценарио“ и да го прилагодат своето производство и дистрибуција за да бидат што помалку изложени на руска и кинеска уцена.

„Ако можеме да ги обезбедиме сите производи и услуги, тоа е клучен дел од нашето одвраќање“, рече во Брисел шефот на воениот одбор на НАТО, холандскиот адмирал Роб Бауер.

Говорејќи на конференцијата на аналитичкиот центар за европски политики, тој рече дека одвраќањето вклучува повеќе од само воени способности, бидејќи сите достапни инструменти се користат во војна.

„Сведоци сме на се повеќе саботажи и Европа веќе го доживеа тоа во снабдувањето со енергија“, рече Бауер.

„Мислевме дека имаме договор со Гаспром, но всушност имавме договор со г-дин Путин. Истото важи и за кинеската инфраструктура и производи. Ние всушност имавме договор со г-дин Си“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина