Најмалку четири луѓе загинаа, а 23 се повредени во напад на израелската армија во центарот на Бејрут, јави денеска телевизијата Ал-Манар, повикувајќи се на либанските здравствени власти.
Overnight, Lebanese media reported an Israeli airstrike in Beirut's southern suburbs without an evacuation warning.
At least four people were killed in the strike, according to the reports.
It is not immediately known who the target of the strike was. pic.twitter.com/9ukl41nR9q
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) November 23, 2024
Израелските борбени авиони со пет проектили, наводно, „целосно уништиле осумкатна зграда“, оставајќи кратер на земјата.
Израелската армија не издаде наредба за евакуација на цивилите пред нападот, како што тоа го правеше во претходните напади врз упориштата на терористичката група Хезболах во јужните предградија на Бејрут.
Нема официјален коментар од израелската војска за последниот напад, кој уследи неколку часа откако израелски воени авиони извршија два брана напади врз либанскиот крајбрежен град Тир синоќа, како и дополнителни напади врз јужниот дел на земјата и упориштата на Хезболах. во јужен Бејрут.