(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Од:

Ја поздравуваме одлуката на Владата, убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, добро е што заеднички се носат од полза на граѓаните, но советничката група на СДСМ бара Советот на Град Скопје да донесе Заклучок со којшто ќе се поддржат сите три предложени решенија, рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на град Скопје, Љубица Јанчева.

-Прво, измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив. Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада, и со него се уредуваат сервисираните долговите на општините, вклучително и долгот на Град Скопје. Значи бараме измена и дополна на тој закон за да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. По скратена постапка, СДСМ се нуди пратеничката група да го поднесе но сите да го поддржат. Втор предлог е владата да донесе одлука за доделување субвенции-евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ но треба да се прецизира и затоа треба да остане и во заклучокот. Дополнително не го знаеме износот на субвенционираното дизел гориво. Ние предлагаме да се бајпасира целиот кризен период до крајот на годината. Добро е да мислиме 3 чекори нанапред. И последниот предлог е предлагаме, со закучокт пратениците во Собранието на да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес, рече Јанчева.

Консезулано да ги донесеме и конструктивно преку дебати да најдеме заеднички јазик, за доброто на Скопје, за да не трпат граѓаните на главниот град, додаде Јанчева.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“