Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Од:

Во сообраќај во главниот град пуштени се околу 30-тина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаат резерви на нафта, потврди за директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски.

Поради проблемот што настана со јавниот градски превоз, во Владата попладнево е закажана вонредна седница, а во 18 часот вонредна седница ќе одржи и Советот на Град Скопје.

Од Град Скопје одговорноста во врска со кризата што настана Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, ја префрлија на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите, а од Бирото за јавни набавки соопштија дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна.

Од Министерството за локална самоуправа од посочија дека на вонредната седница во Владата ќе бидат разгледани сите можности со цел да се изнајдат соодветни решенија за актуелниот проблем и дека потоа ќе излезат со став.

Претседателот на Синдикатот на возачи при Сојузот на синдикати, Миќо Стојановски рече дека состојбата со нафтата е проблем што трае веќе подолг период. Според Стојановски, за колапсот во ЈСП и во другите јавни претпријатија во градот придонело и несогласувањето меѓу претседавачот на Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

Би можело да ве интересира

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он

Арсовска го врати споменикот на Андон Лазов Ќосето