Соединетите Американски Држави одобриле употреба на ракети „Storm Shadow“ за напади длабоко во Русија, објави британски Тајмс, повикувајќи се на извори.
Дозволата на Вашингтон беше неопходна, бидејќи ракетното наведување се одвива со помош на американски системи.
„САД првично не дадоа дозвола за употреба на нивната технологија за време на ракетниот напад со „Storm Shadow“ врз Русија, бидејќи стравуваа од понатамошна ескалација“, се наведува во написот.
Понатаму се наведува дека британскиот премиер Кир Стармер го променил првичниот внимателен став по ова прашање, но дека по одобрувањето на нападот од страна на САД, тој веќе не е толку претпазлив.
Истовремено, соработниците на Стармер тврдат дека ракетите Storm Shadow нема да го променат исходот од украинскиот конфликт.
„Велика Британија нема да издаде официјално соопштение на оваа тема“, се вели во написот.