(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Од:

Набавка на лекови од 8.6 милиони денари без тендер извршила Клиниката за детски болести, во 2022 година, констатира Извештајот на Државниот завод за ревизија.
Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ набавила лекови од 8,6 милиони денари на реверс, кои потоа ги вратила на истата фирма откако го добила тендерот. Клиниката за детски болести во време на СДС и ДУИ целосно неодговорно се однесувала и кон лековите кои ги добивале како донација, па така за две донации не е запишана сумата на која истите се проценуваат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено според податоците во Извештајот примени се лекови за ретки болести во вредност од 200 милиони денари, а неискористени останале лекови вредни над 50 милиони. Како што напоменува Извештајот бројките можеби се и поголеми, затоа што во два договори за донација не е наведена вредноста. Нејасно е како СДС и ДУИ управувале со здравствените установи. Ниту парите на граѓаните се штеделе, ниту донациите се управувале домаќински. СДС и ДУИ во здравството направија целосен хаос. Неспособноста заврши со нив. И одговорност мора да има – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање