Левица: Чибишев ја уништува Токсикологија за градење импровизиран Ургентен центар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ деновиве промовира изградба на ургентен центар како дел од Клиниката за токсикологија како модерен и функционален простор. Овој проект, како донација од 400.000 евра на Комерцијална банка и Алкалоид, беше потпишан годинава во февруари со поранешниот министер Фатмир Меџити, кој беше дел од владата на СДС и ДУИ. Од реакциите на персоналот во Клиниката, станува збор за непочитување на стандардите и оневозможување на развој на научната дејност во Клиниката, велат од Левица

„До Левица пристигнаа низа реакции од здравствената и академската фела за несоодветниот пристап во формирањето на Ургентен центар. Имено, концептот на „оддвоени“ хируршки и интернистички ургентен центар не постои во ниту една друга држава во светот! Вообичаено при тријажа на пациенти кои имаат ургентни состојби, лекарите одлучуваат дали понатамошниот третман ќе биде од страна на лекар специјалист по интернистички или по хируршки болести.

Како што наведуваат вработените од Клиниката за токсикологија, во сите држави функционира исклучиво единствен ургентен центар, каде на едно место се решаваат сите случаи со што се овозможува брз, сеопфатен и рационален пристап кон третманот на пациентите. Дополнително, новиот импровизиран ургентен центар се гради во просториите на Универзитетската клиника за токсикологија, со што значително се редуцираат капацитетите на Клиниката.

Именувањето на Чибишев за директор е контроверзно од неколку аспекти, со оглед на тоа што тој е поранешен претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, за неговиот избор за професор на УГД постојат сериозни сомнежи дека е незаконски. Односно, со партиски и несоодветни именувани кадри во здравствените установи, јавното здравство ќе продолжи да тоне и со новата влада на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ.

Ја известуваме јавноста дека Левица подготвува амандмански интервенции за предлог-Буџетот на Република Македонија за 2025 година, кои ќе овозможат соодветен Ургентен центар како посебна зграда во комплексот Клиника „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски