ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро го осудува неодговорното однесување на премиерот, кој постојано ја користи својата државна позиција за да ги им се заканува на опозициските политичари.

„Ова не претставува ништо повеќе од отворена злоупотреба на власта, обид да се создаде лажна перцепција во јавноста и да се ограничи просторот на опозицијата за делување. Дополнително, овие постапки вршат неприфатлив притисок врз независните институции на правосудството.

Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба. Овие постојани закани се незаконски и покажуваат ароганција, која е знак за неговата несигурност. Владеењето базирано на страв и манипулација не може да биде стандард во нашата демократија. Доколку премиерот навистина е искрен во борбата против корупцијата, тој би го прифатил нашиот повик за независен и меѓународно посредуван процес на ветинг, кој ќе ги опфати сите партии и политичари, вклучувајќи го и него самиот.

Само таков транспарентен и сеопфатен процес ќе и служи на демократијата и ќе создаде доверлива политичка клима за нашите граѓани. Го повикуваме премиерот веднаш да ги прекине овие штетни практики, да го зачува достоинството на својата позиција и да ја почитува поделбата на власта и независноста на институциите.
Демократијата бара почит кон законот, транспарентност и фер политичка борба, каде секоја страна може да дејствува без да биде под влијание на заканите и притисоците од извршната власт. ДУИ останува посветена на заштитата на овие принципи и ќе продолжи да биде силен глас против секој обид за злоупотреба на власта и загрозување на независните институции на државата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на Европски фронт испрати писмо до Советот на Европа, бара експертска проценка за истрагата на трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) СДСМ: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски

Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, велат од ВЛЕН

ДУИ: Мицкоски целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството

Мицкоски: Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори