Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

Од:

Времето за „политички дискусии“ ќе дојде по реконструкцијата, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, два дена по масовните протести во Валенсија поради лошиот одговор на владата на смртоносните поплави.

„Владата го прави тоа што треба да го направи. И ние треба да се обновиме по оваа трагедија и да ја рестартираме економската и социјалната активност“, рече шефот на социјалистичката влада на прес-конференција.

„Подоцна, политичката дебата ќе се фокусира на прашањата што треба да се подобрат со оглед на оваа климатска криза и, без сомнение, во поглед на преземањето на политичките одговорности кои секако ќе треба да се оправдаат“, продолжи тој.

Повеќе од 220 лица загинаа, а 32 се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави во предградијата јужно од регионалната престолнина Валенсија на 29 октомври.

Делови од шпанскиот регион Валенсија, кој пред речиси две недели беше погоден од обилни врнежи и поплави, од понеделник се враќаат во нормалното секојдневие. Се отвораат 47 училишта.

Продолжија напорите за спасување и расчистување во 80-те најтешко погодени општини околу регионалниот главен град, со помош на речиси 20.000 полицајци, војници и волонтери.

Шпанската државна метеоролошка служба АЕМЕТ предвидува продолжување на врнежите во регионот на Валенсија во понеделник, а од вторник пообилни врнежи од дожд во Каталонија околу Барселона на североистокот на земјата и на Балеарските острови во Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Шпанија најави 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски