Разговараа Трамп и Путин

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во четвртокот разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, објави Вашингтон тајмс.

Трамп му се јави на Путин од неговото одморалиште на Флорида и го советувал да не го интензивира конфликтот со Украина. Според извори на Вашингтон пост, кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.

„Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина“, тврдат изворите.

Јавните пораки на Трамп за време на изборната кампања предизвикаа тревога во Киев и низ Европа. Трамп вети брзо решение на војната, но одби да каже чија победа сака. Тој, исто така, ги критикуваше огромните пакети помош што доаѓаа во Украина од САД. Исто така, Трамп претходно изјави дека веднаш ќе стави крај на војната во Украина, иако не понуди детали како планира да го постигне тоа. Тој приватно давал навестувања дека ќе поддржи договор според кој Русија ќе задржи дел од освоената територија, а во разговорот со Путин накратко го спомнал прашањето за териториите, велат изворите.

Украинската влада била информирана за разговорот со Путин и не се противела на неговото одржување, велат изворите.

Како што пишува Вашингтон пост, првичните разговори на Трамп со светските лидери (десетици од нив) не се водат со поддршка на Стејт департментот и официјални американски преведувачи. Трамп и неговите помошници не им веруваат на државните службеници откако беа обелоденети транскрипти од претседателските повици за време на неговиот прв мандат.

„Претседателот Трамп убедливо победи на историските избори и светските лидери знаат дека Америка ќе се врати на глобалната сцена. Затоа лидерите го започнаа процесот на градење посилни односи со Трамп бидејќи тој претставува глобален мир и стабилност“, рече Стивен Чеунг, директор за комуникации на Трамп.

Разговорот меѓу Трамп и Зеленски, според извори запознаени со детали, траел околу 25 минути. Тоа беше ден пред да разговара со Путин. Откако Зеленски му честиташе на Трамп, новоизбраниот претседател рече дека ќе ја поддржи Украина, но не навлегол во детали.

Би можело да ве интересира

Фукујама: Ова е крајот на либералната демократија

Трамп го назначи Рубио за државен секретар

Путин ги намалува бенефициите за ранетите во војната

Џил Бајден испрати писмо до идната прва Меланија Трамп

Трамп сака Европската Унија да ги сноси сите трошоци за обнова на Украина

Трамп пристигна кај Бајден во Белата куќа