ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

Од:

Над Рим е снимен Боинг 787-9 Дримлајнер (Б-1119) на Хаинан ерлајнс, чиј мотор се запалил за време на летот.

Инцидентот се случи утрото на 10 ноември, а видеото е објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледа како чад и пламен излегуваат од еден од двата мотори на авионот.

Видеото е направено од граѓани кои биле сведоци на оваа драматична ситуација.

„Слушнавме тресок, погледнавме кон небото и видовме како минува авион. Видовме пламен и чад како излегува од моторот и се плашевме дека ќе се урне“, велат очевидците.

Сведоците велат дека им се чини дека авионот исфрлил гориво во морето и се обидел да изврши принудно слетување.

Според прелиминарните информации, авионот се вратил на аеродромот Леонардо да Винчи во Рим поради проблем со десниот мотор.

Тој кружел 11 пати и останал во воздух 50 минути пред да одлучи да слета.

Проблемот, наводно, настанал кога моторот почнал да трпи одреден застој на надморска височина од 2.000 стапки, што довело до одлука да се врати пилотот назад.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Пилот пријавил дека во авионот има бомба, принудно слетал на аеродромот во Подгорица

Горан Наумовски