Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Трамп за Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но тоа не значи дека тој е подготвен да ги промени барањата на Москва, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, одговори на ова на прашањето дали подготвеноста на неговиот шеф да разговара со Трамп значи дека тој е подготвен да ги промени тие барања. Еден ден претходно, Путин на митингот во Валдај рече дека е отворен за разговори со републиканецот кој победи на претседателските избори во вторникот.

„Претседателот никогаш не кажа дека целите на специјалната воена операција се менуваат. Напротив, неколку пати повтори дека остануваат исти“, рече Песков, а потоа додаде: „Сето ова се однесува на безбедносните интереси на нашата земја, безбедносните интереси на рускиот народ што живее овде. Затоа, нема дискусија за промени“.

Путин ги претстави овие барања на 14 јуни: Украина мора да се откаже од својата амбиција за членство во НАТО и да ги повлече сите војници од територијата на четирите украински региони кои Русија сега ги смета за свои.

Украина ги отфрли, прогласувајќи ги практично за капитулација. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, го претстави својот „план за победа“ за кој е потребна дополнителна воена помош од Западот.

За време на претседателската кампања, Трамп го критикуваше нивото на американската воена и финансиска помош за Киев и тврдеше дека ќе ја прекине таа војна во рок од 24 часа, без да открие како. Зеленски му честиташе на републиканецот за изборната победа, но нагласи дека не знае колку брзо Американците ќе го прекинат конфликтот.

Би можело да ве интересира

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски