Путин: Не се договоривме така

Од:

Ако Украина не е неутрална, тешко е да се замисли дека се можни добрососедски односи. Неутралноста на Киев е гаранција дека Украина повторно нема да биде инструмент на трети земји против Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој, одговарајќи на прашање на учесник на клубот за дискусија „Валдеј“ за границите во кои Русија ја признава Украина, потсети дека Русија ги признала границите на Украина создадени по распадот на Советскиот Сојуз, под услов таа да биде неутрална.

Работите се сменија кога Украина почна да зборува за својата намера да стане членка на НАТО.

– Не се договоривме така, изјави рускиот претседател.

Путин наведе и детали од разговорот со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој, како што рече рускиот претседател, ги поддржува оние кои велат дека Русија ги прекршила нормите и принципите на меѓународното право и го започнала конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина