Рускиот претседател Владимир Путин денеска на пленарната седница на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдеј“ во Сочи изјави дека руското признавање на украинските граници е можно дури откако таа земја ќе избере неутралност, во спротивно таа секогаш ќе биде инструмент во рацете на трети земји.
Како пример, Путин го наведе нападот на украинските вооружени сили врз областа Курск, пренесе РИА Новости.
Според претседателот на Русија, оваа одлука е донесена од политички, а не од воени причини.