Доналд Туск: Победата на Трамп ќе има последици за европската безбедност

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во Америка ќе има сериозни последици за европската безбедност, но дека засега не се знае какви ќе бидат тие.

„Изборите во Америка ќе имаат сериозни последици за европската политика, особено во областа на безбедноста“, рече тој на прес-конференција пред неговиот лет за Будимпешта на Самитот на европската политичка заедница.

Тој посочи дека тоа е многу важно за Полска бидејќи, како што рече, таа земја има јасно дефинирани интереси, пренесува Би-Би-Си.

Полскиот премиер рече дека неговата главна порака до другите европски лидери е да се „консолидираат трансатлантските односи“, додавајќи дека имал „добри лични односи“ со Трамп за време на неговиот прв мандат.

Туск го опиша Трамп како партнер кој е „непредвидлив“ во политиката, и кон своите сојузници и кон непријателите.

„Мораме да бидеме подготвени за промена во однос на претседателствувањето на Џо Бајден“, рече Туск.

Би можело да ве интересира

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО