Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта дека ЕУ треба да ја промени стратегијата во однос на целиот Западен Балкан, како и Србија, и да донесе стратешки одлуки за прашањата за проширувањето.
„Мислам дека треба да разговараме за стратешки прашања“, нагласи Вучиќ, кој беше меѓу шесте главни говорници на отворањето на самитот.
Тој спомна дека влезот на Романија, Бугарија и некои други земји во ЕУ е политичка одлука.
„Тоа беше политичка одлука донесена од ЕУ во време кога имаше стратешки одлуки и луѓе кои размислуваа стратешки. Така гледаме ние. Кажете – во ред, на некоја земја и оди подобро. А, економијата на Србија е најсилната економија на Западен Балкан по сите критериуми. Да, но Србија не ни треба. Бидејќи не воведоа санкции кон Русија или поради која било друга причина, не решија дел од нивните проблеми“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија не е единствената со проблеми и дека не ги создала сите свои проблеми сама.