Седумте најважни ветувања на Доналд Трамп

Од:

Доналд Трамп се враќа во Белата куќа. Се чини дека тој ќе ужива силна поддршка за неговата политичка агенда во Конгресот откако неговата Републиканска партија ја врати контролата врз Сенатот. Во својот победнички говор Трамп најави дека „ќе владее со едноставно мото: „Ветувања дадени – ветувања исполнети“.

1) Депортација на мигрантите без документи
Трамп вети најголеми масовни депортации на мигранти без документи во историјата на САД. Тој, исто така, вети дека ќе ја заврши изградбата на ѕидот на границата со Мексико што ја започна за време на неговиот прв претседателски мандат.

Бројот на премини на американскита јужна гранца достигна рекордно ниво кон крајот на минатата година, за време на администрацијата на Бајден, пред да падне оваа година. Аналитичарите изјавија за Би-Би-Си дека депортациите што ги вети Трамп ќе се соочат со огромни правни и логистички предизвици и би можеле да го забават економскиот раст.

2) Промени во економијата, даноците и царините
Излезните анкети покажаа дека економијата е клучно прашање за гласачите. Трамп вети дека „ќе стави крај на инфлацијата“ – која се искачи на високо ниво под претседателот Џо Бајден пред повторно да падне. Сепак, моќта на претседателот директно да влијае на цените е ограничена.

Тој вети и сеопфатни даночни намалувања, односно продолжување на сопствените мерки од 2017 година. Тој предложи ослободување од данокот на бакшиш, укинување на данокот за социјално осигурување и намалување на корпоративниот данок.

Тој предложи нови царини од најмалку 10 отсто за повеќето странски стоки за да се намали трговскиот дефицит. Увозот од Кина може да носи дополнителни царини од 60%. Некои економисти предупредуваат дека ваквите потези може да ги зголемат цените за обичните луѓе.

3) Намалување климатските прописи
За време на неговиот прв претседателски мандат, Трамп укина стотици правила за заштита на животната средина и ја направи Америка првата нација што се повлече од Парискиот климатски договор. Овој пат тој повторно вети дека ќе ги намали регулативите, особено како начин да и помогне на американската автомобилска индустрија. Постојано ги критикуваше електричните возила.

Тој вети дека ќе го зголеми производството на фосилни горива во САД. Тој рече дека од првиот ден ќе „дупчо„ и нема да се потпира на обновливите извори на енергија како што е енергијата на ветерот. Тој сака да ги отвори областите како арктичката дивина за дупчење нафта.

4) Крај на војната во Украина
Трамп е несреќен затоа што Америка потроши десетици милијарди долари за поддршка на Украина во војната со Русија и вети дека ќе стави крај на конфликтот „во рок од 24 часа“ со договор. Тој не рече дека било која од страните треба да попушти. Демократите велат дека неговиот потег ќе го охрабри претседателот Владимир Путин.

Трамп генерално сака земјата да биде изолирана од странски конфликти. Во врска со војната во Газа, тој се позиционираше како силен поддржувач на Израел, но ги повика Израелците да ја прекинат операцијата. Тој, исто така, вети дека ќе стави крај на војната во Либан, но не прецизираше како.

5) Нема забрана за абортус
Наспроти желбите на некои од неговите поддржувачи, Трамп за време на претседателската дебата со Камала Харис рече дека нема да ја потпише националната забрана за абортус да стане закон. Во 2022 година, уставното право на абортус на национално ниво беше поништено од Врховниот суд, кој има мнозинство конзервативни судии по првиот претседателски мандат на Трамп.

Репродуктивните права станаа клучно прашање за кампањата за Харис, а неколку држави одобрија мерки за заштита или проширување на правата за абортус на денот на изборите. Самиот Трамп редовно вели дека државите треба да бидат слободни да одлучуваат за нивните закони за абортус.

6) Помилување на некои осудените за 6 јануари
Трамп рече дека ќе ослободи некои од осудените за злосторства за време на немирите на 6 јануари 2021 година во Вашингтон, кога неговите поддржувачи упаднаа во зградата на Капитол во обид да ја спречат изборната победа на Џо Бајден во 2020 година.

Во тоа време беа пријавени неколку смртни случаи, а Трамп беше обвинет за поттикнување на толпата на немири. Тој нагласи дека стотици негови поддржувачи се осудени како политички затвореници. Тој понатаму рече дека многу од нив биле „погрешно затворени“, иако признал дека „неколку од нив веројатно излегле од контрола“.

7) Отказ за специјалниот обвинител Џек Смит
Трамп вети дека ќе го отпушти обвинителот што води две кривични истраги против него „во рок од две секунди“ по преземањето на функцијата. Специјалниот обвинител Џек Смит го обвини Трамп за наводни обиди да ги поништи изборите во 2020 година и неговото наводно лошо постапување со доверливи документи.

Трамп ја негира вината и успеа да го спречи започнувањето на судските процеси пред изборите. Тој вели дека Смит е во „политички лов на вештерки“. Трамп ќе се врати во Белата куќа како прв претседател во историјата со кривична пресуда, со оглед на тоа што во Њујорк беше прогласен за виновен за фалсификување деловни книги.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп