Во Нови Сад, во тек е протестот организиран од опозицијата во врска со смртта на 14 лица при уривање на настрешницата на железничката станица во тој град, со барање да бидат казнети сите виновници за несреќата, а премиерот на Србија и градоначалникот на Нови Сад да поднесат оставки.
Протестот започна со едноминутно молчење за жртвите од несреќата, а потоа насобраните беа повикани да маршираат во колона кон центарот на градот и Градското собрание.
Следуваше неразбирлив потег, демонстрантите донесоа трактор со цистерна полн со фекалии, кој го истурија врз Градското собрание, а потоа следеше кршење на стаклата на зградата.
Набргу потоа демонстрантите се обидоа да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.