Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и неговиот брат, Владимир Мијалков од МПЦ-ОА беа одликувани со орденот „Свети Николај“, кој им беше доделен вчера од Брегалничкиот митрополит Иларион.
Браќата Мијалкови се ктитори на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село Штип, која во текот на вчерашниот ден беше осветена. Финансиски ја помагале изградбата на црквата во крајот од каде што потекнуваат.
Осветувањето го изврши, Архиепископот Стефан во сослужение на митрополитот Иларион и епископот Јаков, објави Религија.
Мијалков е на „црната листа“ на САД а ова му е прво појавување во јавност по излегувањето од струшкиот затвор.