Зоран Стратев в.д. селектор на македонската фудбалска репрезентација

Од:

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, денеска го назначи Зоран Стратев за в.д. селектор на А репрезентацијата.

Актуелниот координатор на младинските селекции и поранешен вардаров тренер, доаѓа на местото на Чедомир Јаневски, кој вчера и официјално стана нов тренер на белгискиот прволигаш Монс.

Директорот на репрезентацијата на Македонија, Петар Милошевски за официјалната веб страна на ФФМ изјави дека по октомвриските квалификациски средби ќе се донесе одлука за долгорочно решение за селекторското место.

– И покрај искрената и силна желба на луѓето од ФФМ да продолжи соработката со Јаневски за што беше понуден нов поповолен договорот, тој сепак се реши својот иден професионален предизвик да го бара на друго место. Ние во федерацијата по овие два последни квалификациски натпревари, ќе имаме доволно време и простор да најдеме квалитетно решение за нов селектор, кој со уште поголем елан, желба и страст ќе придонесува кон развојот на македонскиот фудбал, изјави Милошевски.

Зоран Стратев ќе ја предводи фудбалската репрезентација на последните два квалификациски натпревара за СП 2014, против Велс на 11 октомври и Србија на 15 октомври.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска