Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина

Од:

И заменик претседателот на Владата, министерот за транспорт Александар Николоски денеска беше на увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

„Навистина ова е значаен ден за целиот Пелагониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата. Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука“ рече Николоски.

„Со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три секции очекувам од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и десетина минути, а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот“ рече Николоски.

Во однос на трасата, рече дека таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце

Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николоски: Нема уставни измени под бугарски диктат, без гаранции дека нема да има нови вета

Поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево да биде пуштен до почетокот на следната летна сезона очекува министерот Николоски