Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Од:

” Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, потврдено и од меѓународните медиуми. Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година”- објави на својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

” Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал” EX-YU Aviation News”. 

Во првите месеци од годинава, македонските аеродроми бележат раст од 30 % по број на патници и околу 20% по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија.

Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. 

Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии.

Развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции. 

Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено” – објави вицепремиерот Николоски.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија

Нови 49 возила за собирање смет – донација од Министерството за транспорт и Светска банка

A1on

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја

Шпанија го засилува истражувањето на бакарот, Македонија сè уште не го користи потенцијалот од Иловица

Незадоволство во Македонски Телеком: Генералниот директор цел месец не се појавил на работа, а зема најмалку дваесет илјади евра

Предраг Петровиќ