НБА кошаркарот Леброн Џејмс ја поддржа американската демократска кандидатка Камала Харис во нејзината претседателска кампања против републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп.
„За што воопшто зборуваме? Кога размислувам за моите деца и семејството и како тие ќе пораснат, изборот е јасен. Гласајте за Камала Харис“, напиша Џејмс на социјалните мрежи.
What are we even talking about here?? When I think about my kids and my family and how they will grow up, the choice is clear to me. VOTE KAMALA HARRIS!!! pic.twitter.com/tYYlTmQS6e
— LeBron James (@KingJames) October 31, 2024
Џејмс и претходно ги поддржуваше демократите – во 2016 година ја поддржа Хилари Клинтон во изборната трка против Трамп, а во 2020 година и актуелниот американски претседател Џо Бајден.
Камала Харис веќе доби поддршка од неколку познати личности, вклучително и актерката Мерил Стрип, комичарот Крис Рок и водителката Опра Винфри, а ја поддржуваат и музичките ѕвезди Бијонсе и Тејлор Свифт.
Во некои демократски кругови постои загриженост дека премногу познати поддржувачи би можеле да имаат негативно влијание врз изборите.
Некои веруваат дека Хилари Клинтон, која ги загуби изборите во 2016 година, создаде слика на елитизам затоа што имала поддршка од голем број познати личности.