Трамп победи и во категорија во која Републиканците губат 20 години

Од:

Доналд Трамп оствари историска победа на претседателските избори во САД, освојувајќи не само мнозинство од електорските гласови туку и т.н. „народното гласање“, односно мнозинството од вкупниот број гласови на Американците.

Ова е голем успех за Трамп, имајќи предвид дека на последните избори во 2016 и 2020 година не успеа да го освои народниот глас, иако победи на изборите во 2016 година и стана претседател преку Изборниот колеџ.

На изборите во 2016 година, Трамп го освои Изборниот колеџ, но го загуби „народниот глас“ од Хилари Клинтон, која имаше околу 2,9 милиони гласови повеќе. Слична шема беше повторена во 2020 година, кога тој освои помалку гласови од Џо Бајден, и покрај силната поддршка од гласачите во некои држави. Годинава, сепак, успеа да го надмине противникот во сите сегменти, вклучително и вкупниот број гласови.

Тој сега освои речиси 5 милиони гласови повеќе од Камала Харис, иако треба да се напомене дека резултатите се уште не се конечни.

Доналд Трамп во својот победнички говор одржан околу 8:30 часот по средноевропско време во конгресниот центар Вест Палм Бич во Флорида рече: „Исто така, победивме и според бројот на вкпни гласови, што е одлично. Нема да лажам, одлично е“.

Инаку, ова е првпат од 2004 година републикански кандидат да освои мнозинство од вкупниот број гласови на национално ниво. Тоа му успеа на Џорџ В. Буш.

Би можело да ве интересира

Човекот на Трамп драматично ќе го промени американскиот пристап кон војната во Украина

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Путин: Трамп не е безбеден

Горан Наумовски

Трамп: Среќен Денот на благодарноста и на радикалните левичарски лудаци кои ја уништуваа земјата

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати