Галетановски назначен за претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје

Од:

Ѓорѓи Галетановски е назначен за нов претседател на Градската организација на СДСМ во Скопје. Галетановски за ова информираше на неговиот Фејсбук профил.

Во објавата пишува дека ќе се залага за брзо решавање на локалните проблеми во Скопје и дека фокусот ќе му бидат младите.

– Чест ми е што денес ја преземав функцијата претседател на градската организација на СДСМ. Му благодарам за довербата на претседателот Венко Филипче а на граѓаните на Скопје им ветувам дека ќе се заложам за брзо решавање на локалните проблеми на Скопјани. Воедно давам збор дека секогаш ќе бидам на браникот на младите и како што во минатото помагав на секој граѓанин без разлика на верска национална партиска припадност така и ќе продолжам. Мисија на мојот тим ќе биде чисто и подобро Скопје за сите, стои во објавата.

Галетановски беше поранешен директор на ЗОО Скопје, а конкурираше и на последниот конкурс за директор на оваа институција, но се повлече.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента