Албанија формира резервни воени единици

Од:

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу соопшти дека Владата на Албанија го усвоила предлог-законот за формирање на резервни воени единици, јавуваат Репортери.

Венгу нагласи дека оваа одлука е донесена како резултат на глобалната ситуација, но и како исполнување на стандардите на НАТО.

„Постои потреба од создавање на резервни сили, тоа им дава можност на активниот воен персонал, кој од различни причини одлучил да развие кариера во приватниот сектор, можност да се вратат во вооружените сили со конкретни мисии и да придонесат во конкретни мисии со обврски кои можат да ги покријат и мировните мисии или потребите на регионот“, изјави Венгу.

Според него, формирањето на првите единици на резервната армија ќе се случи на почетокот на 2025 година.

-Имаме поддршка и значителен финансиски пакет од 15,5 милиони евра за овие сили. На овој начин се враќаме на стандардите на НАТО, рече Венгу.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски