Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Од:

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа или ќе се соочи со намалување на американската воена помош, предупреди американскиот претставник во ОН.

„Зборовите на Израел мора да се усогласат со акција на теренот“, рече Линда Томас-Гринфилд, додавајќи дека „во моментов тоа не се случува“.

САД му дадоа рок на Израел до 12 ноември да ја „зголеми“ сета помош за палестинските цивили, со број од најмалку 350 камиони кои влегуваат во Газа дневно. Но, ОН велат дека само 10 отсто од тој број преминувале во Појасот Газа секој ден.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, рече дека Израел ги исполнува своите обврски „повеќе отколку што треба“, дополнително обвинувајќи го Хамас за сè.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

САД воведоа нови санкции против Русија

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху