Израел направи драстичен чекор, ја игнорираше Америка

Од:

Парламентот на Израел изгласа забрана на агенцијата на Обединетите нации која обезбедува услуги за палестинските бегалци, што може да има катастрофални последици за милионите Палестинци кои живеат под израелска окупација, јавува Си-Ен-Ен.

Кнесетот донесе два закони. Едниот ѝ забранува на UNRWA да дејствува внатре во Израел, а другиот им забранува на израелските власти да имаат каков било контакт со UNRWA – поништувајќи го договорот од 1967 година што му дозволува на UNRWA да обезбедува услуги за палестинските бегалци во областите под израелска контрола.

Се стравува дека овој потег сериозно ќе ја ограничи Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) во нејзините активности во областите под израелска окупација.

По усвојувањето на првиот закон, членот на Ликуд и изготвувач Боаз Бизмут изјави: „Секој што се однесува како терорист нема никакви права во Израел… UNRWA е еднаква на Хамас, точка“.

Одлуката е донесена и покрај силното противење на арапските членови на Кнесетот и силниот меѓународен притисок од западните земји.

Неколку земји, вклучително и САД, изразија длабока загриженост поради контроверзната забрана, која може да влијае на образованието, исхраната, здравствената заштита и егзистенцијата на милиони Палестинци кои зависат од Агенцијата.

Пред гласањето, Стејт департментот го повика Израел да не го усвојува законот, нагласувајќи дека агенцијата во моментов има „незаменлива улога во Газа“. Државниот секретар Антони Блинкен претходно го предупреди Израел дека усвојувањето на законот може „да има последици според американскиот закон и американската политика“.

Израел долго време се обидува да го укине телото на ОН, тврдејќи дека некои од неговите вработени се поврзани со Хамас и дека училиштата на Агенцијата промовираат омраза кон Израел. UNRWA постојано ги отфрла тие обвинувања.

UNRWA беше основана од Обединетите нации една година по формирањето на Израел во 1948 година, што доведе до раселување на стотици илјади Палестинци од нивните домови.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

САД воведоа нови санкции против Русија