Нетанјаху го отфрли дводневното примирје со Хамас во Газа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли иницијативата предложена од Египет за краткорочен прекин на огнот со Хамас во Појасот Газа.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси предложи прекин на огнот во Појасот Газа за да се олесни потенцијалната размена на затвореници, со цел подолгорочно примирје. Медиумите од регионот претходно објавија дека Хамас е подготвен да го прифати предлогот на Египет за првично дводневно примирје, при што ќе бидат ослободени неколку заложници.

„Предложивме дводневен прекин на огнот во Појасот Газа за размена на четворица (израелски) заложници за некои (палестински) затвореници, а потоа ќе има преговори за десет дена за да се претвори прекинот на огнот во траен прекин на огнот“, рече Ал Сиси за време на заедничката конференција за новинари со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне во Каиро.

И покрај наводната поддршка на мнозинството израелски министри за египетскиот предлог, Тел Авив одлучи да го отфрли договорот поради противењето на Нетанјаху, кој истакна дека „преговорите ќе се водат само под оган“, објави израелскиот Канал 12.

Израел проценува дека 101 лице сè уште се држат во заробеништво на Хамас во Појасот Газа, а се стравува дека некои веќе се убиени или од Хамас или во израелските напади врз густо населената област на енклавата.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел