СДСМ: Се потврди она на што укажувавме – лажен е сертификатот на Бојан Христовски

Од:

Се потврди уште една информација за која СДСМ денови наназад ја информираше јавноста: поставувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ не само што е груба партизација, туку е и целосно незаконска постапка, велат од СДСМ.

СДСМ со денови предупредуваше, а денес се потврди дека сертификатот за англиски јазик на Христовски е лажен и дека центарот во Пловдив – Бугарија каде што тој тврди дека го добил, не постои. Покрај сертификатот, СДСМ тврди дека Христовски нема ниту безбедносни сертификати ниту доволно работно искуство на раководни позиции, што е предуслов за назначување на позицијата директор.

Сите овие законски прекршувања кои ги прави Мицкоски со назначувањето на целосно некомпетентен човек, без соодветни квалификации, ја потврдуваат тезата за опасна партизација на АНБ. Од овие причини, потребно е итно повлекување на Бојан Христовски и започнување истрага за овој упад во АНБ кој го наметнува Мицкоски.

Го повикуваме ДКСК итно и во најкус рок да се изјасни и да ги потврди наодите на бугарските медиуми, први објавени од СДСМ. Христовски не смее да остане на чело на АНБ, и бараме достоинствено да се повлече, информираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Кампањата на А1 Македонија што ја преплави јавноста: „Одговорно со технологијата“ со силна порака за секој учесник во сообраќајот

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

ВРЕДИ: Новиот закон за игрите на среќа e за заштита на албанското семејство

Aпел за собирање парични средства за операција на Нина

Предраг Петровиќ