Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија продолжува да испорачува гас за Европа преку Украина, но дека договорот за снабдување истекува во декември оваа година.

„Постојат две рути (за испорака на гас) низ територијата на Украина. Едната од нив е мерната гасна станица Сорановка, која украинската страна ја затвори доста одамна. А што се однесува до втората рута, каде што се наоѓа Суџа, населено место – да, ние навистина испорачуваме по таа рута, испораките сè уште течат, но договорот истекува на крајот на оваа година, во декември“, рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Путин смета дека Украина нема намера да го продолжи транзитот на руски гас во Европа во 2025 година, иако има преземено обврски и се приклучи на европските закони, а според тие правила било неопходно однапред да се резервираат капацитети за испораки.

„Помина рокот за резервација на испораки преку таа рута (преку мерната станица „Суџа“), кој беше во јули оваа година. Колку што знам, досега украинската страна не направила никакви напори да продолжи таа работа, за да продолжат испораките, потребно е, пред се, да се потпише нов договор, а второ, резервирањето на тие капацитети требаше да започне во јули за некој да ги искористи“, рече Путин.

Тој додаде дека Москва не одбиваат да испорачуваат гас за Европа и дека за таа цел може да се користат неколку рути.

„Русија никогаш не одбива испораки, вклучително и преку украинската рута, но, судејќи според сè, Украина нема намера да го стори тоа. Покрај тоа, тие неодамна го повторија ставот дека украинските гасни компании немаат намера да го продолжат или склучат нов транзитен договор со Руската страна значи дека ја затвораат таа рута“, заклучи Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во август изјави дека никој нема да потпише договор со Русија за продолжување на транзитот на руски гас преку Украина, кој истекува на крајот на 2024 година, додека советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак, рече дека Украина ќе го суспендира транзитот на руската нафта и гас во земјите на ЕУ од 1 јануари 2025 година.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски