Во израелски напад рано утринава, најмалку тројца медиумски работници се убиени во пансион во кој престојувале уште неколку новинари, јавуваат либанските медиуми.
Меѓу нив има снимател и инженер кои работеле за проиранскиот медиум Ал-Мајадин и снимател кој работел за Ал-Манар на Хезболах.
Други новинари кои биле на местото на настанот изјавиле дека директно бил погоден бунгаловот во кој спиеле членовите на споменатите медиуми, пренесува Ројтерс.