42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Од:

Младите во Македонија најмногу од сите држави во Југосiточна Европа изрази желба да да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Истражување на Фондацијата „Фридрих Еберт“ покажало 42,67 отсто младите во земјава сакаат да емигирираат во странство.

Втора во регионот е Албанија каде што 36,95 отсто од младите лица би сакале да заминат надвор од државата, а потоа следуваат Грција со 31,26 отсто, Босна и Херцеговина 31,18, Косово, 27,83, во Србија и Словенија 25, во Хрватска тој процент е 21,26, а во Црна Гора 2,59.

Младите во Бугарија и во Романија, според истражувањето, покажале најмала желба за емигрирање.

Најчест мотив на младите за иселување од матичните земји се економските фактори и можности.

– Повеќе од две третини (67,13 проценти) од испитаниците го истакнале финансискиот и професионалниот напредок како причини за емиграцијата. Желбата за подобрување на животниот стандард се наведува како примарен мотив за 27,78 отсто од испитаниците… Подобри можности за вработување (11,44 отсто) и повеќе можности за образование (седум отсто) се другите причини поради кои младите одлучуваат да ја напуштат земјата…, се наведува во истражувањето.

За 62 отсто од испитаниците, корупцијата е најголемиот проблем со кој ќе се соочат нивните земји во следната деценија, а потоа следат невработеноста и емиграцијата. Младите често првпат се соочуваат со корупција во образовниот систем, дури 61 процент од испитаниците сметаат дека може да се купат оценки и испити на универзитетите во нивните земји.

Според истражувањето, жените покажуваат поголема желба да го подобрат сопствениот животен стандард (29,97 проценти) и ставаат поголем акцент на можностите за образование (8,46 проценти). Мажите, пак се загрижени за корупцијата и клиентелизмот во државата.

Довербата во демократијата како политички систем, како што се нагласува, опаѓа низ целиот регион, но младите сè уште во голема мера ги поддржуваат демократските вредности.

Сепак, младите кои живеат во земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ) покажуваат поголем одзив кога се работи за гласање на избори.

– Евентуалното членство во ЕУ сè уште предизвикува оптимизам во земјите од регионот кои не се членки, а многу млади луѓе ја поврзуваат ЕУ со подобра иднина. Наспроти тоа, младите во Земјите од ЕУ стануваат се попесимисти кога станува збор за моменталната економска состојба и пазарот на труд во нивните земји, наведуваат од „Фридрих Еберт“.

Како што пишува во истражувањето, доколку Југоисточна Европа сака да постигне значителен економски напредок, „ќе мора да внимава на гласот и изборот на младите луѓе кои се клучни во тоа“.

Резултатите сугерираат и дека факторите специфични за една земја, како што се економските услови, политичката стабилност и социјалните услови, играат клучна улога во обликувањето на намерите за емиграција на младите поединци.

Истражувањето е спроведено на примерок од 8.943 млади луѓе од Југоисточна Европа, на возраст од 14 до 29 години и покажа дека 23 отсто од нив подобрата плата ја гледаат како една од клучните причини за иселување од државата.

Би можело да ве интересира

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Македонија во топ 20-те земји во светот чии високообразовани и стручни кадри заминуваат

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Од Македонија годишно си заминуваат по 2.500 високообразовани кадри, државата на петто место по одлив на мозоци

Катерина Ѓуровски

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски