Вашингтон деблокира 300 милиони долари помош за банкротираниот Детроит

Од:

Американските федерални власти деблокираа над 300 милиони долари помош за градот Детроит, кој во јуни прогласи банкрот, пренесоа светските агенции.

Од оваа сума 150 милиони долари ќе бидат наменети за програмата за уривање или обновување на напуштените куќи. Вкупно 80.000 станови се напуштени и се уриваат во поранешната престолнина на автомобилската индустрија во САД.

Сума од 30 милиони долари ќе биде наменета за подобрување на безбедноста и за побрзо реагирање при итни ситуации. Ќе бидат најмени уште полицајци, ќе биде модернизирана опремата на пожарникарите, кои примаат повици при итни ситуации.

Растот на криминалот во Детроит достигна невидени рамки за последните 40 години. Полицијата, пак, се јавува на повиците за просечно 58 минути, додека во останатиот дел на земјата просечното време изнесува 11 минути.

Ќе бидат инвестирани 140 милиони долари во подобрување на јавниот транспорт, а 24 милиони долари ќе отидат за инсталирање на камери за набљудување.

Планот за заздравување на градот останува скромен, бидејќи кон средината на јули долгот на Детроит изнесуваше 18,5 милијарди долари, што е приближно на БДП-то на Кипар, посочуваат француските медиуми.

Детроит за 60 години загуби половина од своето население, кое во 1950 година  изнесуваше 1,8 милион луѓе, а сега се 700.000 жители. Над една четвртина од нив живеат под прагот на сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас