Зеленски: Берлин не го поддржува членството на Киев во НАТО

Од:

Берлин не го поддржува членството на Киев во НАТО бидејќи се плаши од реакцијата на Москва, но ќе го следи примерот на Вашингтон, рече Владимир Зеленски.

Украинскиот лидер неодамна се врати од турнеја низ Западна Европа и САД, каде што побара поддршка за неговиот „План за победа“ во конфликтот со Русија.

Сè кажувам како што гледам, а не како што некој би сакал. Германската страна е скептична за нашиот влез во НАТО и тоа е факт, им изјави Зеленски на новинарите во Киев, пренесува Раша тудеј.

Тој призна дека Германија е втора по САД по финансиска и воена помош за Украина, но изјави дека властите во Берлин „се плашат од темата НАТО-Германија, кога е во прашање реакцијата на Русија“.

Киев верува дека блокот предводен од САД е подложен на „консолидација на мислењето“ за прашањето за членството на Украина, додаде тој, што „ќе има влијание и врз Унгарија и Словачка“.

Будимпешта и Братислава јавно се спротивставија на идејата Киев да влезе во НАТО. Словачкиот премиер Роберт Фицо дури рече дека ќе стави вето на предлогот се додека е на власт, бидејќи тоа ќе предизвика светска војна.

Русија јасно сигнализираше дека нема да прифати ништо друго освен неутрален статус за Украина и дека без демилитаризација и „денасификација“ Киев ќе продолжи да претставува закана за националната безбедност.

„Членството на Украина во Северноатлантската алијанса во која било територијална форма е апсолутно неприфатливо за Русија и не може да биде дел од какви било мировни планови или иницијативи за посредување“, изјави рускиот претставник во ОН Василиј Небензија во понеделникот пред Советот за безбедност.

Би можело да ве интересира

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Зеленски: Путин намерно не нападна на Божиќ

Зеленски: Русите киднапираа 48 украински деца помлади од три години

Зеленски бесен поради средбата на Фицо со Путин: Колку те плаќа?

Предраг Петровиќ

Трамп му порачал на Зеленски да размислува за отстапување на териториите кои се под контрола на Русија

Катерина Ѓуровски

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он