Таравари потврди дека Мицкоски ја партизира АНБ вели СДСМ, помалку да пиете од апчињата за заборавање одговори ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Коалицискиот партнер Таравари ја потврдува во целост опасната партизација на АНБ.Дури и на оние на кои не им беше јасно сега им е кристално јасно сè. Поставувањето на Христовски на директорската позиција на АНБ е избор и директива на Мицкоски. Тој сака свој човек кој во целост ќе го контролира и ќе му служи само на него и на ДПМНЕ велат од СДСМ.

– Мицкоски го враќа времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски и лични цели како што беше во минатото. Затоа по секоја цена се турка партиски кадар – претседател на Градски комитет на ДПМНЕ, близок до Мицкоски, спротивно на член 10 од Законот за АНБ и со бројни сомнежи дали воопшто ги исполнува критериумите за оваа позиција. Бојан Христовски во едно интревју самиот призна дека нема безбедносен сертификат „Државна тајна“ а барањето за ваков сертификат го поднел дури откако беше назначен на директорската позиција. Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има пет години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година. Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање, потсетуваа од СДСМ во патиското соопштение.

СДСМ помалку да пијат од апчињата за заборавање одговори ВМРО-ДПМНЕ.

СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање. Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ. Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на безбедносните сертификати и редица други злоупотреби. Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели. Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби. Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски