Над 400 загинати за две недели од израелската офанзива на северот на Појасот Газа

Од:

Цивилната одбрана на Појасот Газа денеска соопшти дека повеќе од 400 луѓе се убиени од почетокот на офанзивата на израелската армија на северот од територијата на 6 октомври, чија цел се борците на палестинското движење Хамас, кои, според Израел, таму ги обновуваат своите сили.

„Најдовме повеќе од 400 мртви во различни области на северниот дел на Појасот Газа, кој го вклучува градот Џабалија и неговиот бегалски камп, градовите Беит Лахиа и Беит Ханун, од почетокот на воената операција“, изјави Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана, организација зависна од палестинското исламистичко движење.

Тој рече дека на бројот на загинатите од 386, кој беше утврден во петокот, се додадени уште 33 загинати во израелскиот напад врз кампот Џабалија рано утринава.

„И на улиците на Џабалија има десетици тела убиени во постојаното бомбардирање“, рече Басал, додавајќи дека меѓу нив има деца, жени и стари лица.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите