Иран и Хезболах му се закануваат на Израел по убиството на лидерот на Хамас

Од:

Либанската милитантна група Хезболах објави дека влегува во нова и ескалирачка фаза во војната против Израел, додека Иран рече дека „духот на отпорот ќе биде зајакнат“ по убиството на водачот на Хамас Јахја Синвар.

Синвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, кој ја започна војната во Газа, беше убиен за време на операцијата на израелските војници во палестинската енклава во средата, клучен настан во едногодишниот конфликт.

Западните лидери рекоа дека неговата смрт нуди можност да се стави крај на конфликтот, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека војната ќе продолжи додека не бидат вратени заложниците земени од милитантите на Хамас. „Денеска ги подмиривме нашите сметки. Денеска на злото му е зададен удар, но нашата задача сè уште не е завршена“, рече Нетанјаху откако во четвртокот беше потврдена смртта на Синвар.

Синвар, кој беше прогласен за лидер на Хамас по убиството на политичкиот лидер Исмаил Ханија во Техеран во јули, се веруваше дека се крие во тунелите изградени од Хамас под Газа во последните две децении.

И покрај западните надежи за прекин на огнот, смртта на Синвар може да ги поттикне непријателствата на Блискиот Исток, каде што се зголемија изгледите за уште поширок конфликт.

Израел започна копнена кампања во Либан во текот на изминатиот месец и сега планира одговор на ракетниот напад на 1 октомври од страна на Иран, сојузник на Хамас и на либанскиот Хезболах.

Но, смртта на човекот кој го организираше минатогодишниот напад, во кој борците на Хамас убија 1.200 луѓе во Израел и зедоа повеќе од 250 заложници, според израелските податоци, исто така може да помогне во обновувањето на напорите за ставање крај на војната во која Израел уби повеќе од 42.000 Палестинците, според здравствените власти во Газа.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој телефонски разговараше со Нетанјаху за да му честита, рече дека смртта на Синвар дава можност конечно да се стави крај на конфликтот во Газа и да се вратат израелските заложници дома.

САД сакаат да започнат преговори за предлогот да се постигне прекин на огнот и да се обезбеди ослободување на заложниците, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, нарекувајќи го Синвар „главна пречка“ за завршување на војната.

„Таа пречка е јасно отстранета. Не може да се предвиди кој и да го замени (Синвар) ќе се согласи на прекин на огнот, но го отстранува она што беше главната пречка за неговото постигнување во последните месеци“, рече тој. Во последните недели Синвар целосно одби да преговара, рече Милер.

Иран, сепак, рече дека нема знаци дека убиството ќе ја промени неговата политика. „Духот на отпорот ќе биде зајакнат“ по смртта на Синвар, соопшти неговата мисија во Обединетите нации.

И Хезболах беше пркосен, најавувајќи „транзиција во нова и ескалирачка фаза во конфликтот со Израел“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот имаше одвоени телефонски разговори со лидерите на Саудиска Арабија и Катар со цел да се стави крај на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден му честиташе на Нетанјаху за убиството на лидерот на Хамас: Ова е добар ден за светот

(ВИДЕО) Последните моменти од животот на лидерот на Хамас: го бараа една година, го убија случајно

Катерина Ѓуровски

Пет израелски војници загинаа во борби со Хезболах во јужен Либан

Горан Наумовски

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Командантот на Иранската револуционерна гарда испрати застрашувачка порака до Израел

Харис: Убиството на Синвар нуди шанса да се стави крај на војната во Појасот Газа