Медиуми: Нетанјаху наредил да се потврди убиството на Синвар на семејствата на заложниците

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им наредил на помошниците да ги информираат семејствата на заложниците дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар е мртов, јавува израелскиот Канал 12.

Здружението на семејства на заложници претходно денеска ја повика израелската влада да го искористи веројатното убиство на Синвар за да обезбеди итен договор за заложниците.

Тајмс оф Израел цитираше неименуван израелски функционер дека Синвар бил убиен во напад на зграда во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа.

Во исто време, Хамас предупреди на „лажни вести“, наведувајќи дека официјалните изјави на оваа милитантна група се објавуваат само на каналот Телеграм или веб-страницата.

Израел ја истражува можноста палестинскиот лидер на Хамас Јахја Синвар да е убиен во напад на израелската армија во Газа, а неименуван висок израелски функционер вели дека е голема веројатноста тој да е убиен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија