Брегалница гостува во Турново

Од:

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, штипска Брегалница денеска во рамките на 9. коло гостува кај Хоризонт во Турново.

Ова во кус временски период ќе биде трет дуел на овие два тима, а Брегалница беше поуспешна и го елиминираше денешниот ривал по изведувањето на пенали во Националниот куп. Почетокот на натпреварот е во 15 часот и 30 минути.

Во рамките на ова коло утре играат: Вардар – Напредок, Македонија ЃП – Шкендија, Еуромилк – Гостивар, Пелистер – Работнички и Ренова – Металург.

Табела: Брегалница 15 бодови, Металург 14, Работнички 13, Ренова 13, Пелистер 13, Хоризонт 11, Вардар 11, Шкендија 10, Македонија ЃП 8, Еуромилк 6, Напредок 6, Гостивар 5.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска