СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Од:

Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции. Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– Тоа е спротивно на Законот за АНБ кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган. Целта на овие законски одредби е да се избегне злоупотребата на безбедносните служби за партиски цели, како што тоа се случуваше во минатото. Со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ. Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО. АНБ во изминатите години се реформираше и професионализираше, а со овој чин власта на Мицкоски врши сериозен удар и врз професионализмот и врз безбедноста. Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што спроведуваат опасна партизација, ги загрозуваат стандардите на професионализмот, туку ја доведува во прашање и безбедноста на државата. Прашуваме и како Христовски воопшто ја поминал безбедносната проверка, рече Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија