Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во Либан е потврден првиот случај на колера, предупредувајќи дека ризикот од ширење на болеста е „многу висок“.

Постои висок ризик од ширење на колера меѓу стотиците илјади раселени луѓе кои ги напуштија своите домови поради израелските напади врз либанската милитантна група Хезболах, изјави претставникот на СЗО во Либан Абдинасир Абубакар на онлајн прес-конференција.

Абубакар истакна дека СЗО со месеци предупредува дека колера може да се појави во Либан поради влошените санитарни услови меѓу раселените лица.

Министерството за здравство на Либан соопшти дека е потврден случај на колера кај либански државјанин кој бил хоспитализиран во понеделникот, објави Гардијан.

Се наведува дека овој пациент не патувал никаде од своето место на живеење на северот на Либан.

Првата епидемија на колера во последните 30 години избувна во Либан помеѓу 2022 и 2023 година, главно на северот на земјата.

Според СЗО, колерата се пренесува главно преку контаминирана вода.

Би можело да ве интересира

Пет израелски војници загинаа во борби со Хезболах во јужен Либан

Горан Наумовски

Либан: Градоначалникот на Набатие и уште пет лица загинаа во израелски напад

50 ракети истрелани од Либан кон северен Израел

Горан Наумовски

Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа 10 лица

ВИДЕО: Најмалку 20 убиени во израелски напад на село во северен Либан

ВИДЕО: Израелците со тенкови упаднале на позициите ОН во Либан, 15 мировници повредени

Катерина Ѓуровски